Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=5024
    [QUERY_STRING] => id=5024
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 60206
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.139.239.25
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1735296948.8497
    [REQUEST_TIME] => 1735296948
)
OДРЖАНА 30-та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ДЕМИР КАПИЈА


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На ден 28.02.2020 година Советот на општина Демир Капија ја одржа триесетата седница на која беа разгледани и усвоени 14 точки од дневниот ред.

На седницата беше усвоена завршната сметка на Буџетот на Општина Демир Капија за 2019 година која се состои од Вкупни приходи од 106.527.530 денари и вкупни расходи од 104.400.574 денари.Втората точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена и беше донесен заклучок на Годишниот извештај на Општина Демир Капија за 2019 година.Од вкупно планирани приходи од 151.067.011 денари реализирани се 106.527.530 денари, од вкупно планирани расходи од 151.067.011 денари реализирани се 104.400.574 денари.Потоа се премина на третата точка од дневниот ред на која беше усвоен Предлог Буџетскиот календар за планирање на Буџетот на општина Демир Капија за 2021 година во кој се регулираат роковите на планирањето на општинскиот буџет.По разгледувањето на четвртата точка од дневниот ред беше усвоена Одлуката за извршување на Буџетот на општина Демир Капија за 2020 година.Потоа се премина на петата точка од дневниот ред на која беше донесена одлука за изменување и дополнување на одлуката за утврдување на пазарната вредност на земјоделското земјиште на подрачјето на Општина Демир Капија во 2020 година. По член 2 се додава нов член 3 кој гласи: Во случај да купопродажната вредност на имотот во договорот за купопродажба е повисока од утврдената пазарна вредност според Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот, во тој случај како даночна основица се зема постигната цена од договорот за купопродажба. По разгледувањето на шестата точка од дневниот ред беше донесена одлука за имена и дополнување на одлуката за утврдување на пазарната вредност на градежно земјиште на подрачјето на општина Демир Капија во 2020 година. По член 8 се додава нов член 9 кој гласи: Во случај да купопродажната вредност на имотот во договорот за купопродажба е повисока од утврдената пазарна вредност според Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот, во тој случај како даночна основица се зема постигната цена од договорот за купопродажба.Седмата точка од дневниот ред исто така по разгледувањето беше усвоена и беше донесена Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намените на бесправно изградени објекти со намените на земјиштето со која ќе се изврши усогласување на намена на бесправно изграден објект кој треба да се вклопи со поединечни зони според намената на земјиштето и општиот режим на градење и употреба.Со оваа одлука се врши измена на ДУП за с. Бистренци од класа на намена земјоделска задруга во класа на намена А1-1 ( според геодетски елаборат ). Потоа се премина на осмата точка од дневниот ред на која беше усвоена Програмата за дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Демир Капија за 2020 година. Во глава II. ДОНЕСУВАЊЕ НА ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ се додава нова точка 10 која гласи: Измена на ДУП „ Попова Кула“ измена КО Демир Капија и во глава V. ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА се додава нова точка 17 која гласи: Изработка на ЛУПД за објект со намена Е2-централа за производство на електрична енергија од обновливи извори со капацитет до 800 KV во КО Корешница, општина Демир Капија.По разгледувањето на деветата точка од дневниот ред беше усвоена прдлог програмата за заштита и благосостојба на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственик за 2020 година.Постапката ги вклучува следните општи мерки: 1. Собирање на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња затекнати на јавни површини без присуство на сопственик и привремено сместување во прифатилиште. 2.Заловување на бездомни кучиња. 3.Третман на заловување бездомни кучиња (кастрација, здраствено третирање, социјализација, обележување со микрочип, враќање во реонот од реонот каде што е земено). 4.Контрола на популацијата на бездомни кучиња. Десетата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на Акциониот план за енергетска ефикасност на Општина Демир Капија за 2020 година кој во целост е усогласен со мерките за енергетска ефикасност и динамика на реализирање усвоени во стратешкиот национален документ, со кој се спроведува националната стратегија за развој на енергетика во согласност со член 11 од законот за енергетика.Единаесетата и дванаесетата точка по разгледувањето исто така беа усвоени, а се однесуваа на донесување на заклучок на Годишен извештај за работата на ОУ Дом на култура Мирка Гинова Демир Капија за 2019 година и заклучок на Годишен финансов извештај по завршна сметка на ОУ Дом на култура Мирка Гинова Демир Капија за 2019 година.Потоа се премина на тринаесетата точка на која беше донесен заклучок на годишниот финансов извештај по завршната сметка на ООУ Димче А. Габерот Демир Капија за 2019 година.Седницата заврши со донесување на заклучок на Годишниот финансов извештај по завршна сметка на ЈОУДГ Борис Трајковски Демир Капија за 2019 година.

( п.п.)

88339913_2634802963418099_3069208918489038848_o