Благодарение на брзата интервенција на Територијална противпожарна единица Кавадарци пожарот кој избувна денеска на локацијата „Бавчите“ и постоеше голема опасност да се прошири и да предизвика поголеми штети на стопанските субјекти ,беше брзо и успешно локализиран. Апелираме до граѓаните да внимаваат за своите постапки и во овие критични моменти да не предизвикуваат потенцијални опасности како во доменот на стопанските субјекти и во однос човечките животи.