Ѓраѓаните ке можат своите услуги од ургентна (итна) стоматолошка интервенција да ги обавуваат во Кавадарци.ЈЗУОпшта болница со проширена надлежност денеска до медиумите достави извествување со кое го потврдува тоа:
Интегрален текст:
„Поради епидемијата од Корона вирусот, Приватните стоматолошки ординации во нашиот град времено нема да работат. За таа цел, во просториите на Службата за детска и превентивна стоматологија при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци , започна со работа ИТНАТА СТОМАТОЛОШКА СЛУЖБА.
Приемот на итни пациенти се врши секој работен ден од 08 до 20 часот, а во сабота и недела од 08 до 15 часот.
Пациентот е должен прво телефонски да го контактира својот матичен стоматолог, кој треба да му земе детална анамнеза и да му даде совет за надминување на стоматолошкиот проблем (терапија за намалување на болката или антибиотска терапија).
Матичниот стоматолог е должен да ја контактира Итната стоматолошка служба и да закаже термин за стоматолошка интервенција на неговиот пациент само во случај на :
- силна постојана забоболка која не поминува ниту со лекови,
- акутна инфекција изразена преку отоци, тешко отварање на уста и покачена телесна температура,
- поголеми крварења кои не сопираат подолг временски период
- скршеници на заби и вилици.
НАПОМЕНА: Термин за итна стоматолошка интервенција закажува исклучиво матичниот стоматолог, по претходно земена детална анамнеза на неговиот пациент.“- Се наведува