ПРИЈАВА за online работа и достава на продукти од маркет / достава на храна од ресторани и слично / тобака / такси превоз на територијата на Општина Кавадарци
„Почитувани,
Согласно Записникот од Дваесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 , одржан на 6ти април 2020 година, точка 5, Кризниот штаб на Општина Кавадарци го донесе следниот заклучок:
– Согласно владините мерки за online работа и достава на продукти од маркети, достава на храна од ресторани и слично, тобака , како и такси превоз, се повикуваат сите заинтересирани правни субјекти да се пријават во Општина Кавадарци , за добивање на дозвола за работа за време на полициски час.
Во прилог е Пријавата која е потребно да ја пополнат сите заинтересирани правни субјекти најдоцна до петок 10.04.2020 година до 12 часот.
Пополнетата Пријава да се испрати на opshtina@kavadarci.gov.mк„
се наведува во соопштението до заинтересираните субјекти.
М.Д.