Првиот викенд под полициски час, било кога спроведен во Македонија,од ослободувањет до денес поради Пандемијата со коронавирусот , го поминувавме релативно мирно .Далеку од класичниот полициски час на каков сме навикнале од гледање на партизанските филмови ,овој современ полициски час ги имавме сите благодети на денешницата:телевизија, интернет,јадење, пиење, бавење со земјоделлие , така што сппоредба не би можеле ниту да правиме.
За прв пат беше организирано телефонско пазарење од маркети, ресторани, пољари,угостителскилокали.И брзо се прилагодивме на ова новина.
-Маркет„Тинекс“ обави повеќе од 30-тина порачки во смена, а најмалата порачка за пазарување по телефон имала вредност од 300 денари.Во цената на артиклите која останала фиксна како на витрините се ставал само трошокот за превозот кој бил обавуван со сопствени возила.Плаќање во готиво или на подвижен терминал со картичка.Во една смена биле ангажиран 5 вработени.Главно се порачувале пијалаци, храна и сл.Маркетриот во Кавадарци добро си ја завршил работата.
И во „Мин-екс„љубезно ни одговорија дека биле организирани во две смени , цело време имале полни раце работа.Минималната порачка изнесувала 800 денари без менување на цена.Кон основната малопродажна се додавала и цената на превозот.Ова трговска компанија е подготвена да одговори на слични предизвици во вакви ситуации.Покажана е голема брзина и ефикасност.
-„Грин хаус„ биле на висина на обврската за која се пријавиле на телефонската достава на овошје и зеленчук.Без ставање на додатна цена за превоз со нивни возила ги разнесувале порачките до домовите на граѓаните.Освен телефонски, граѓани кои имале дозволи доаѓале директно и купувале во продавницата. Инаку целата операција „Грин хаус„ ја обавувале со 5-мина работени.
-Ресторан„Моклиште„ и останатите ресторани поминале лошо, речиси без порачки по телефон.Веројатно, најгласува нашиот соговорник во „Моклиште„ , граѓаните повеќе саакаат да поминат поефтино и се ориентирани на набавка на скара на кило или печење скара во домашни услови.
-Во Скара „Дироко“ велат слаб бил прометот или порачките по телефон.Особено лошо било особено во саботата-првиот ден на полицискиот час, речиси без ниедна порачка, а денеска - недела е нешто подобро - но сепак во просек е слабо.Единствено ,разликата од вчера е што денеска се набавува свежо месо односно подготвена скара за домашна подготовка.
-Дел од фирмите посочени во официјалниот соопштение за онлајн пазарување, не ни одговорија на телефонските повици. Сепак најголем дел граѓаните кои останаа дома подготвуваа скара во домашни услови или друга храна која вообичаено ја готват.
Мерката ја онлајн или подобро кажано купување по телефон, се покажа добра и практична и некои маркети или ресторани и продавници за храна треба да ја задржат како дејност и во нормални прилики.
Инаку освен чесните пазарувања по телефон забележани се порачки од млади луѓе кои се однесувале неодговорно ако се земе во обзир сериозноста поврзна со коронавирусот.
м.димитров