Со ова алатkа ќе може да се врши поголемо а пред се квалитетно спроведување на образовнио-воспитниот процес како и проверка на знаењата на учениците од далечина.Инаку,дознаваме неофицијално, по Основно училиште во населбата Аеродром –Скопје, кавадаречкото основнио училиште е меѓу првите во државата и овој регион кое ке се вклопи со изведување ваков тип на настава а во новонастанатите услови со коронавирусот , кои значително го изменија начинот на учење и проверка на знаењата.
Ова денеска ни го потврди директорката Весна Ангеловска која ги извести преку социјалните мрежи родителите наставниците и учениците за легализација од Google за користење на едукативната алатка Google classroom. Веќе од понеделник 27.04.2020 сите наставници ке проследат online обука за користење на истата.
-Инаку со помош на оваа алатка учениците и наставниците ќе имаат поголеми можности за квалитетно спроведување на воспитно - образовниот процес и проверката на знаењата на учениците од далечина, напомна Ангеловска,и проолжува :-На мое огромно задоволство од денес Web платформата Google classroom започна успешно да фукционира .Посебно ме радува тоа што е добро и веднаш е прифатена од учениците и наставниците кои ги согледаа бенефитите од користењето на истата.За мене како директор значајно е што во секое време на имам увид за фукционирањето на online наставата ,одржаните online часови и прегледните тестови и домашни задачи. Во ова прилика упатувам огромна благодарност до родителот Цветанка Митрева која што согледувајќи ги проблемите со кој се соочува образованието во овие околности ,својата стручност и професионалност ја насочи токму на ова платформа .Сите ние посакуваме што побрзо да заврши ова пандемија и да се вратиме во нормални услови за работа во училиште,но ова платформа нуди навистина големи можност,и е особено значајно kako училиште ќе ја има а таа привилегија да ја користиме во нормални услови на настава со многу бенефити во образовниот процес како и училиштата во насовремени образовни системи во Европа,-вели директорката Ангеловска.Од своја старана пак Цветанка Митрева, ИТ менаџер во Винарска Визба Тиквеш АД Кавадарци вели дека-„ Информацијата за можноста ова решение бесплатно да се имплементира во образовна институција како и тоа дека истото е очигледно најсоодветно за продолжување на наставата, ја споделив со директорката Весна Ангеловска од чија страна добив целосна поддршка за започнување со аплицирање, регистрација и легализација на G Suite for Education за ОУ Гоце Делчев.Процесот започна на 26 март. Постапката на регистрација и легализација вообичаено трае 14-тина дена, но за жал, поради огромниот прилив на барања, на Google им требаше речиси еден месец за да ни одобрат користење на оваа алатка односно одобрението од Google го добивме на 23 април откога и почнавме активно да работиме во поставувањето на оваа платформа.Со сите наставници се одржани соодветни online обуки на кои се презентирани клучните и неопходни можности за користење на оваа платформа. Изготвени се Упатства за работа и за наставниците и за учениците и истите се споделени. Затоа сметам дека сега сме целосно подготвени и се надевам дека учениците и наставниците ќе имаат корист од оваа алатка која ќе им помогне во реализацијата на наставните активности како и во набљудување на напредокот на секој ученик. Би сакала да изразам голема благодарност до мојот тим од ИТ Секторот, кој несебично помогна во средување на администраторскиот дел посебно во поставувањето на профилите на сите 40-тина наставници и 600 ученици во училиштето, во дефинирање на 30-тина online одделенија и соодветно доделување припадност на секој ученик и наставник, како и во дефинирање на соодветните права и привилегии со цел непречено функционирање на ова решение. Без нивната поддршка ќе беше невозможно оваа задача да се заврши за толку кратко време.“- вели Митрова.
м.д.