Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=5151
    [QUERY_STRING] => id=5151
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 42270
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.147.13.220
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732480795.6904
    [REQUEST_TIME] => 1732480795
)
Коцев: „Болницата во Кавадарци доби донација „УВ Гард“, благодарност до македонските иноватори - апаратот ни е повеќе од неопходен„


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општата болница со проширена дејност Кавадарци, денеска доби донација „УВ Гард“ - уред за дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии.

Директорот на оваа јавно-здравствена установа д-р Диме Коцев се заблагодари до компаниите „Ми-Комерц“ од Кавадарци и „REHAU“ од Скопје, кои ја овозможија донацијата, покажувајќи значителна општествена одговорност.

„Уредот ни е навистина потребен и задоволни сме што од денеска ќе биде ставен во функција во Општата болница во Кавадарци. „УВ Гардот“ со УВ зраци дезинфицира и површини и воздух, 360 степени наоколу. Предноста е во тоа што уредот е подвижен и ќе се употребува буквално во целата установа. Во ситуација со епидемија на КОВИД-19, овој апарат ни е повеќе од потребен за заштита на медицинскиот тим, но и на пациентите кои доаѓаат за здравствена заштита во болницата. Благодарност и до нашите иноватори кои се грижат за здравјето на вработените во здравствените установи ширум државата“, изјави директорот Коцев.

Просторијата која се дезинфицира потребно е да биде празна, а УВ зраците стопроцентно ги елиминираат вирусите и бактериите. Лицето коешто ракува со овој апарат е целосно заштитен и уредот се контролира од далечина.

„Уредот за дезинфекција со УВ зраци кој го изработивме за болницата во Кавадарци, денеска го донираме со поддршка од општествено одговорните компании. Да ги заштитиме здравствените работници кои се на првата линија на одбрана од коронавирусот, бидејќи тие се нашите херои“, потенцираше Ивица Поцков.

Македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров се креатори на „УВ Гардот“. Во текот на минатата недела, со вакви уреди се зајакнаа Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде се лекуваат хоспитализираните пациенти од КОВИД-19.

Инаку денеска со нашата камерта имавме можност да влеземе во инфективната амбуланта, која фактички била подготвена и била и е во функција за состојби како сегашната со коромнавирусот.Скромноста на директорот Коцев денеска случајно ја откривме во разговор со него . Честитки за неговата спремнист да се справи со евентуални инфективни случаи.ИНФЕКТИВНAТA AМБУЛАНТА СЕ НАОЃА ВО ПОРАНЕШНИТЕ ПРОСТОРИИ НА ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА, СО СИТЕ СООДВЕТНИ УСЛОВИ ЗА ИЗОЛИРАНОСТ, УСЛОВИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ И СООДВЕТЕН МЕДИЦИНСКИ ПРСОНАЛ.Физикална терапија сега е сместена во кругот на Здравствен дом во соодветни услови, какви бара ова гранка од медицината.м.д.