22.02 - е извиднички датум, посветен на основачот на ова не престаното извидничко движење - Лорд Роберт Баден Пауел. Денес славиме за него и за сите насмеани лица кои биле, се, и ќе бидат предизвикани само поради негова заслуга. По овој повод, повеќе од 500 извидници низ цела Македонија иако разделени поради пандемијата сепак сплотени и со иста цел организираа извиднички натпревари и се забавуваа. Извиднички одред Авантуристи - Кавадарци во својот град ја организираше така наречената "Патека - Баден Пауел" на која учество земаа 7 екипи и 10 волонтери кои исто така беа контролори на 5 контролни точки. Околу 40 извидници од нашиот град чекореа по патеката со насмевки и возбуда, собраа околу 100 шишиња и соодветно ги фрлија, потоа нахранија околу 20тина улични кучиња и мачки, ги извршуваа и одредените задачи поставени од нивните контролори и водачи. Со ова сакаме да укажеме на сегашните и идните генерации да се грижат повеќе за природата кој е најголем услов за опстанокот на живиот свет. И за крај може да заклучиме дека извидниците создаваат подобар свет.
Со Извиднички поздрав ЗДРАВО!