Кавадарчанецот Гешовски како 19-годишен војник на тогашната ЈНА загина на денешен ден, на 6 мај 1991 година во Сплит, во Република Хрватска, под околности кои ни до ден-денес не се разјаснети.
Гешовски беше првата жртва од Македонија во југословенската војна. Тој служел војска во ЈНА во период на силни превирања во бивша Југославија, кога Милошевиќ почна да ја злоупотребува армијата и институциите од бивша СФРЈ за своите политички цели. Гешовски воениот рок го почнал на 17 септември 1990 година како припадник на воената полиција во Сплит.
Смртта на младиот Македонец, во тоа време, беше злоупотребена за политички цели, со набедување дека е убиен од куршуми од хрватска страна, но имаше верзија дека смртоносните куршуми стигнале од негови старешини, дека бил убиен од поручник на ЈНА.Кој ке ја каже вистината сега по 29 години од неговата смрт ?!!!.Во Кавадрци тој почива на Градските гробишта во Кавадарци.