-VANE ,PRIJATELE MOJ.BESHE MNOGU DOBAR COVEK A MNOGU RANO SI ZAMINA. POCIVAJ VO MIR,VANE- -Вака напиша Ристо Вешков кој се живее и работи во САД, а преку социјалните мрежи од него се простија стотици граѓани, нешто што за сегашни прилики е реткост. Трогателно. РТК.МК ( Регионална ТВ куќа) -како медиум ,му оддава почит,со ова објава- бидеќи го познаваме Ване 40-сетина години , но никогаш не сакаше да го снимиме.Последните години ,изрази. еднаш .таква желба. Тој не беше обичен граѓанин ,што се покажа и сега кога тој прерано почина.Харизмата што ја имеше Ване , сите ги правеше позитивни како него. Популарниот Ване Митревски- со познатиот прекар Ќофтето, беше омилена чаршиска фаца. СЕ што ќе кажеме за него во ова прилика кога тој си замина од нас, е вишок.Секогаш насмеан, и ведар и кога не му беше до насмевки, па и до последните денови пред смртта кога му беше најтешко. Ване во сите нас ќе состане запаметен како ведра фигура на градот.Гевречар кој ни беше близок, а не го знаевме тоа.Чиниш цела добрина беше собрана во него.Што би рекле кавадарчани -„Ване нема лоша душа„Можеби сакавме да го имавме неговиот оптимизам. Ване неодамана доживеа трагедија, со смртта на жена му.Тој зад себе остави една рожба -ќерка. Тој почина на 60-годишна возраст. Погребот ќе биде извршен денеска напладне на Градските гробишта во Кавадарци. RIP... (rtk.mk му благодари на авторот на фотографијата со Ване)