Градежната оператива на „Градба промет“ од Кавадарци изврши асфалтирање на делница од улицата „Народна младина“. Согласно проектот на Општина Кавадарци, беше асфалтирана површина од 850 метри квадратни. Претходно беше извршено тампонирање, поставени се нови рабници и се изврши поплочување на тротоарите. Денешното асфалтирање на улицата „Народна младина“ е само дел од проектот на Општина Кавадарци што ги опфаќа градежните работи и на улиците „Егејска“, „Бел камен“ и „Индустриска“.За реализација на овој проект Општина Кавадарци има предвидено финансиски средства во износ од 11.244.194 денари.
м.д.