Поради неоколку технички детали во барањето на кредитирање и финасирање на проекти на Општина Кавадарци, денеска се одржа 13 вонредно свикување на ова законодавно општинско тело. На дневен ред беа: Одлуката се уредува домашно долгорочно задолжување на Општина Кавадарци, во висина од 118.000.000 денари, кај домашна комерцијална Банка, а со цел финансирање на капитален инвестиционен проект ГРАДСКИ ПАЗАР СО ПОДЗЕМЕН ПАРКИНГ,. Вората точка се однесуваше на одлуката на Советот на Општина Кавадарци за одобрување на субвенционирање на ЈП за јавни паркиралишта ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ Кавадарци, во износ од 3.000.000,00 (три милиони) денари за надминување на потешкотии во работењето кои настанале поради тримеселно ненаплатувањ ен ауслугите за паркирање лооради Ковид 19.И двете одлуки беа донесени едногласно.
Следната Седница на Совет е закажана за 21 август во Големата сала на Домот на културата.