„Владата предводена од СДСМ и ресорното Министерство за труд и социјална политика постојано вложуваат во детската заштита и во нови објекти на детски градинки. Општина Кавадарци изминативе години наназад се соочуваше со голем недостиг на градинки за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст. За само три години целосно го решивме овој проблем“ рече Вуко Мелов од СДСМ , меѓу другото ,на денешната прес конференција за печат од ОО СДСМ Кавадарци. Интегрален текст „Владата предводена од СДСМ и ресорното Министерство за труд и социјална политика постојано вложуваат во детската заштита и во нови објекти на детски градинки. Општина Кавадарци изминативе години наназад се соочуваше со голем недостиг на градинки за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст. За само три години целосно го решивме овој проблем. Имено веќе во финална фаза е изградбата на целосно нова детска градинка во Кавадарци, инвестиција во вредност од 52 милиони денари, а се со цел згрижување на сите деца вo истата. Новата детска градинка во Кавадарци е со капацитет да прими 142 дечиња. Градинката се гради согласно најсовремените стандарди и ќе овозможи квалитетен престој за децата. Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е силно посветена на зголемување на капацитетот на детските градинки во сите општини. Унапредување на детската заштита, унапредување на условите во градинките и инвестициите во човечкиот капитал се врвните приоритети од кои се води СДСМ. Како одговорна партија, остануваме посветени на реализација на мерките и политиките што значат раст и развој и обезбедуваат подобри услови за живот на сите граѓани. Вуко Мелов Член на ИО СДСМ Кавадарци“