СВЕТСКИ ХИТОВИ И ФИЛМСКА МУЗИКА ВО ЕДЕН ПОИНАКОВ АРАНЖМАН
Синока на градскиот плоштад во Кавадарци лјубителите на музичката уметност имаа можност да уживаат во звуците на „Брасстет Скопје„.Станува збор за дувачки квинтет кој е проширен со удирачки инструменти и настапуваат како секстет. Концертот помина во организација на Домот на Културата во Кавадарци, а беше поддржан и од Министерството за Култура. Убаво беше да си кавадарчанец синока на градскиот плоштад. Дотолку повеке што во составот на „Брасстет“ има двајца кавадарчани. Членови на дувачкиот квинтет се кавадаречките труби Александар Златески и Диме Танчев, потоа Горан Илијевски (тенор туба), Енис Мехмедов (тромбон) и Мицко Дамњановски (туба), а во составот е и Теодор Теодосиевски кој настапува на тапани.
„Брастет Скопје“ синока свиреа познати светски хитови од калибарот на „Don`t worru be happy" , "Sweet dreams", "New York,New York", "Quezas,quezas,quezas", "I will survive" а во вториот дел од концертот интерпретираа филмска музика од познати блокбастери како што се „Пинк Пантер“ , „Пиратите од Карибите“,„Џемс Бонд 007“, „Блуз брадерс“ , „Мапет шоу“. И кога на крајот од концертот ке видите насмеани и задоволни лица во публиката се друго што ке кажете е излишно.
м.в.