ВО САЛАТА НА ДОМОТ НА КУЛТУРАТА СЕ ИЗВРШИ ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА
Проектот „Ослободи го умот од корупција“ опфаќа 30 градови во државава и по 70 претставника од секој град. Поконкретно 35 млади од средните училишта и факултетите и 35 претставници на локалните институции како судовите, полицијата,локалната самоуправа и граѓанскиот сектор. Сите 2100 учесници ке станат членови на националната мрежа за подигање на свеста за корупција под името РАЗВОЈ. За самиот проект говореше неговиот раководител д-р Нелко Нелковски како и Крсте Соколов од ЛЕР при ЛС Кавадарци.
м.в.