НАШАТА ОПШТИНА МЕЃУ ПРВИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА КОЈА ГО ИЗРАБОТИ ОВА СО СОПСТВЕНИ СРЕДСТВА
Општина Кавадарци меѓу првите во државата го промовираше зелениот катастар изработен со сопствени средства и ресурси. Станува збор за официјален попис на сите дрва и грмушки во градот како и тревнати и цветни површини и патеки во парковите. Според презентираните податоци Кавадарци располага со 11728 дрва и грмушки и повеке од 1.300.000 метри квадратни тревни и цветни површини. Конкретно за зелениот катастар денес на промоцијата на истиот говореше Диме Радњански советник за хортикултурно уредување и заштита на природата
м.в.