Во тек е асфалтирање на патот кој ги спојува Долна Бошава и Горна Бошава. Градежните работи ги изведуваат Агенција за државни патишта и Општина Кавадарци, во должина од 850 метри.
Kако што дознаваме утре(недела) нема да се одвиваат градежни работи, а во понеделник, вторник и најверојатно и среда-( 19,20 и 21.10.)механизацијата ќе асфалтира.Затоа се известуваат сите намерници дека патот ќе биде забранет за сообраќај
м.д.