Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=5734
    [QUERY_STRING] => id=5734
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 52531
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 18.117.70.64
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732490344.4601
    [REQUEST_TIME] => 1732490344
)
ЗНМ:Драматичен пораст на напади кон новинарите – бараме итни решенија


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По повод Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите ЗНМ денеска одржа прес конференција на која претседателот и членовите на Управниот одбор на Здружението упатија неколку важни пораки:

„По повод Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите ЗНМ денеска одржа прес конференција на која претседателот и членовите на Управниот одбор на Здружението упатија неколку важни пораки. 

Првата порака е упатена до јавноста и до политичките партии дека професионалните новинари не треба и не смеат да бидат напаѓани поради вршење на нивната професија. 

Втората порака беше упатена до Основното јавно обвинителство со барање сите напади  и закани врз новинарите и медиумските работници итно да се процесуираат. На овој начин ќе се придонесе кон заштита на демократијата во земјава.

„Бараме во следниот период Министерството за правда да направи измени во Кривичниот законик. Со измените треба да се прошири надлежноста на обвинителството да постапува по службена должност по кривични дела поврзани со напади и закани на новинари и да се зголемат казните кон напаѓачите. Во исто време од Основното Јавно Обвинителство бараме да формира посебно одделение кое ќе ги гони напаѓачите на новинарите“, истакна Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ.

Новинарите и медиумските работници играат клучна улога во нашата земја како чувари на јавниот интерес, а новинарската професија е важен дел на секое демократско општество. Оваа година споредбено со минатите, новинарите често се соочуваат со вербални и физички напади само поради вршење на своите професионални обврски, додека насилниците остануваат неказнети. Важно е да се истакне дека неказнивоста неминовно води кон самоцензура, го ограничува просторот за слободни медиуми и ја лишува јавноста од правото да биде информирана.

Според статистиката на ЗНМ, од почетокот на оваа година до овој момент бележиме вкупно 14 напади и груби закани кон новинари од кои повеќе од половината се кон новинарки. Споредбено, минатата година вакви инциденти имаше четири што значи дека оваа година нападите и заканите се три пати повеќе. Иако физичките напади се намалени сепак загрижува фактот дека се повеќе закани по животот кон новинарите се забележуваат на социјалните мрежи. Во оваа насока, дополнителни напори треба да вложи и Министерството за внатрешни работи со санкционирање на сторителите, а за посериозните случаи да бара од ОЈО да покренува кривични постапки.

Креирањето на безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници е редовно нотирано во извештаите за Република Северна Македонија во извештаите на Европската комисија. Затоа Владата треба посериозно да го земе ова прашање во предвид и да ги поттикне засегнатите институции не само да ги решат случаите на нападнати новинари туку и да превенира нови во иднина.

ЗНМ останува на располагање да биде конструктивен партнер во подобрување на регулативата за овие прашања но и за подобрување на судската пракса во согласност на практиките на Европскиот суд за човекови права. Исто така, ЗНМ ги повикува и сите новинари кои биле предмет на закани и напади да пријават во здружението со цел да добијат бесплатна правна помош и истите да ги следиме како ќе бидат процесурани од страна на органите на прогон„ се наведува во соопштението на ЗНМ од денешната Прес конференција.

Capture