СУДИСКИ НЕПРАВДИ ЈА КРОЈАТ ТАБЕЛАТА ВО ВТОРАТА ЛИГА ИСТОК
11 коло во втората македонска фудбалска лига група исток фрли огромна сенка врз регуларноста на првенството во ова натпреварување. Да тргнеме по ред. Неколку клуба од ова натпреварување реагираа уште пред почетокот на првенството дека е недозволиво два клуба од ист ранг да имаат ист сопственик(газда) но челниците на ФФМ останаа глуви на овие забелешки. Сомнежите се засилија кон крајот на септември по судиските неправди во 5 коло на средбата „Тиквеш“ - „Брегалница“ одиграна во Неготино а судиските одлуки во корист на штипјани директно влијаеа на конечниот резултат. Случувањата во последното одиграно 11 коло ја прелија чашата. Прво на средбата „Кожув“ - „Тиквеш“ почнувајки од дрскиот некултурен однос на домакин кон луѓе од управата на „Тиквеш“, непотребни вулгарности,недосудени пенали и непризнат гол завршувајки со маалските муабети за премијата која на фудбалерите на „Кожув“ им ја ветиле првите луѓе на „Брегалница“ доколку „Тиквеш“ не победиво Гевгелија. Од друга страна тука е средбата „Плачковица“ - „Брегалница“ каде штипјани „ептен заслужено“ победија благодареније пред се на два пенали во нивна корист и црвени картони доделени на радовишани. Е сега вака. Се трошат пари кои не се баш мали за снимање на натпреварите но прашање е зошто кога снимките никој не ги гледа.Да ги гледаше некој снимките и тој некој да беше компетентен сигурно ке речеше дека во септември на штипјани им беше подарен непостоечки пенал, а овој пат во Гевгелија недосудени пенали за „Тиквеш“ и непризнат чист гол. На снимките сето ова се гледа многу убаво само треба некој да ги погледне. И сега ако новиот прволигаш однапред се знае лугето со право се прашуваат зошто воопшто играат и трошат пари во ова време - невреме со пандемии и триста чуда. „Тиквеш“ ја загуби лидерската позиција но ке си игра „чесно и поштено“ само на зелениот терен и на ниедно друго место. Во следното коло кавадаречките фудбалери ке им бидат домакини на екипата на „Осогово“ а штипјани на домашен терен ке си ги пречекаат сојузниците од Гевгелија.
Во борба за опстанок „Росоман“ во следното коло му гостува на „Кит-Го“
1 „Брегалница“ Штип 11 9 2 0 29:8 29
2 „Тиквеш“ 11 8 3 0 28:5 27
3 „Кожув“ 11 4 6 1 14:10 18
4 „Слога“ Виница 11 3 4 4 12:18 13
5 „Осогово“ 11 2 7 2 13:16 13
6 „Кит-Го“ Пехчево 11 3 3 5 13:19 12
7 „Саса“ 11 3 2 6 10:16 11
8 „Победа“ 11 3 2 6 12:14 11
9 „Росоман“ 11 2 2 7 15:31 8
10 „Плачковица“ 11 1 3 7 8:17 6
м.в.
https://www.facebook.com/gordostnakavadarci/videos/pcb.1050198908764317/1247359158982065/
https://www.facebook.com/gordostnakavadarci/videos/pcb.1050198908764317/3281679765293605/