Кукавички напади нема да исплашат или поколебаат никого.
Предизборните препукувања во Кавадарци започнаа на најнепопуларен начин, со демолирање на штабот на Месниот Комитет на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во MС„Задугар„.Ноќта меѓу 18 и 19 ноември, засега непознати лица ги искршиле стаклата на месниот штаб на ова партија и направија оштетувања на инвентарот.На Пресот денеска од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци нагласија дека ваквите кукавички напади нема да исплашат или поколебаат никого!
Интегрален текст на соопштението:
„Во вечерните часови 18/19.11.2016 на највандалски начин беше демолиран штабот на ВМРО-ДПМНЕ на ОК Кавадарци во месниот комитет Задругар.
На објектот во кои се наоѓа Месниот Комитет Задругар му беше направено оштетување на прозорците и дел од инвентарот од страна на лица чии идентитет е сеуште непознат а случајот е пријавен во Полициската станица по општа надлежност Кавадарци и се работи на расвлетлување на случајот.
Го повикуваме министерството за внатрешни работи во најбрз можен рок да го расветли случајот и виновниците да ги изведе пред лицето на правдата.
Случајно или не, месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше оштетен истата вечер кога СДСМ отвораше канцеларии во истата населба. На ова одговор треба да даде полициската истрага.
Ваквиот потег на вандалите кои го сториле ова недело е показател на нервоза и паника, па се обидуваат со закани да создадат страв.
Им порачуваме тоа нема да ви успее. Ваквите кукавички напади нема да исплашат или поколебаат никого. Доаѓа времето кога граѓаните ќе ги казнат деструкциите и насилството.“
Од полицијата велат дека ке ги преземат сите оперативни дејства за пронаоѓање и казнување на прекршителите.