Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=715
    [QUERY_STRING] => id=715
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 15363
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 18.226.187.210
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732495042.6039
    [REQUEST_TIME] => 1732495042
)
Обезбеден пласманот на квалитетните сорти вино во над 30 земји


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Kвалитетните сорти на вино го обезбедија својот пласман во над 30 земји во светот, но главно на пазарите во земјите од ЕУ, велат во Стопанската комора на Македонија.

Последниве години извозот достигна ниво од 850-900.000 хектолитри, од кои приближно 50 проценти се за пазарот на Европската Унија. Значајно место во производството на пијалаци имаат производителите на пиво, со производство на околу 670.000 хектолитри годишно. Освежителни безалкохолни пијалаци од околу 1.180.000 хектолитри, минерална вода 418 000 хектолитри и производство на природни овошни сокови од над 30.000 хектолитри – велат во Kомората. Според нив, освен ракијата, речиси 100 отсто од жестоките пијалаци во земјава доаѓаат од увоз.

За разлика од виното, само една третина од ракијата што се произведува во Македонија доаѓа од регистрираните производители. Остатокот е од индивидуално производство. Но наместо за своја употреба, оваа ракија најчесто завршува на пазар во нелегална трговија. Експертите велат дека индивидуалните производители на ракија уште долго ќе можат да ја продаваат без бандероли оваа ракија произведена во домашни услови. Закон за жестоки пијалаци во земјава се уште не е донесен, ниту има подзаконски акти. Во државава законски е регулирано само производството на вино. Во Министерството за економија потврдуваат дека засега нема ништо од законот. Според нив, иако не смее да се тргува со ракијата што е сварена дома, бидејќи е акцизна стока, тоа се уште се прави „на црно“.

Официјалните бројки велат дека лани биле произведени околу 253.000 тони грозје, од кои околу 30.000 тони трпезно, а 200.000-220.000 тони винско грозје. Производството на вино, пак, се движи од 1.100.000-1.200.000 хектолитри, а винарниците произведуваат 130.620 хектолитри ракија. Неофицијално се проценува дека количините што се појавуваат на пазарот се тројно поголеми. Надлежните, сепак, се обидуваат да стават ред во незаконската продажба на ракијата. Лани Царинската управа и Пазарниот инспекторат заедно заплениле над 4 тони ракија.

Во Министерството за економија велат дека засега има само закон за вино, но не и за жестоки пијалаци. Во домашни услови трговијата не е дозволена, па согласно тоа, нема ни евиденција за производство. Државниот пазарен инспекторат ги казнува тие што ќе ги фати и постојано се прават контроли, но казнети се многу мал број во споредба со реалниот. Под Министерството е само трговијата со алкохол, односно лиценците за продажба на алкохолни пијалаци – велат во ресорот.

Во Земјоделскиот инспекторат велат дека токму поради недостигот на регулатива, на пазарите може да се најде и пијалак што воопшто не потекнува од овошје, а се нарекува ракија. За разлика од кај нас, во соседните држави производството на ракија е строго регулирано. Во Европа земјоделците што сакаат да произведуваат ракија треба да имаат регистрирано земјоделско домаќинство, бидејќи само на тој начин можат да им ја дадат ракијата на големите производители за понатамошна обработка. На краен корисник можат да му ја продадат само ако имаат регистрирано угостителски објект или продавница за домашни производи.

Професорите од Факултетот за земјоделство и храна велат дека производството на жестоки пијалаци кај нас се уште е по стари правилници во кои не е прецизирано како и каде се произведува ракијата, не се знае во какви казани треба да се вари, какви простории треба да има производителот, од каква суровина и каков алкохол треба да се добие и, на крајот, со која јачина и квалитет.

Официјалните бројки велат дека иако се уште нема закон за жестоки пијалаци, надлежните прават контроли според други закони што ја регулираат оваа проблематика. Царинската управа и Пазарниот инспекторат заедно лани заплениле над 4 тони ракија. Притоа само Царинската управа пронашла 3,4 тони од овој жесток пијалак без бандероли. Од таму велат дека контроли биле спроведени во околу 400 кафеани, кафулиња и ресторани, но и малопродажни објекти. Во најголем дел од нив била откриена незаконска стока, која е запленета. Во истиот период Државниот пазарен инспекторат, кој ги контролира пазарџиите што продаваат по пазарите, запленил околу еден тон на ракија по тезгите, но и надвор од нив.

Преземено од vinotika.mk