Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=5957
    [QUERY_STRING] => id=5957
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 15762
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.12.34.211
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1735357827.082
    [REQUEST_TIME] => 1735357827
)
37- ОN LINE СЕДНИЦА НА СОВЕТ ВО ДЕМИР КАПИЈА


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На ден 16.12.2020 година Советот на општина Демир Капија ја одржа 37 седница на која беа разгледани и усвоени 9 точки од дневниот ред. Заради безбедносни причини од корона вирусот седницата се одржа онлајн, преку интернет платформата „ Zoom“. По усвојувањето на записникот од изминатата одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше усвоена Предлог - Одлуката за давање согласност за финансиско учество во предлог регионален проект- “Инсталирање на мерни станици за СМАРТ ЗЕМЈОДЕЛСТВО во општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија”.Со оваа Одлука се дава согласност за сопствено учество во предлог проектот и за обезбедени 125.000,00 денари, од потребните средства за реализација.Вкупната вредност на регионалната инвестиција изнесува 10.000.000,00 денари со ДДВ.Корисникот на Програмата во целост е одговорен за реализација на предлог проектот. Финансиската поддршка во реализација на предлог проектот од Бирото за регионален развој изнесува 9.000.000,00 од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за реализација и 1.000.000,00 денари кофинансирање обезбедено од општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија.

Втората точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на коефициентот и вредноста на коефициентот за пресметување на платата на директорот во локалните установи од областа на културата. Со оваа одлука се дава согласност на Одлуката за утврдување на коефициентот и вредноста на коефициентот за пресметување на платата на директорот во локалните установи од областа на културата бр.09-935/1 од 01.12.2020 година.

Потоа се премина на третата точка од дневниот ред на која беше усвоено Предлог-Решението за формирање Комисија за изработка на Предлог програма за работа на Советот за 2021 година.

По разгледувањето на четвртата точка од дневниот ред беше усвоено Предлог-Решението за разрешување и именување на еден претставник во Училишниот одбор на ООУ "Димче А.Габерот" Демир Капија. Како претставник од општина Демир Капија е назначен Ѓорѓи Танев.

Петата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на Предлог-Решението за давање согласност на годишната програма за работа и развој (со финансиски план) на Јавното претпријатие за комунални работи БОШАВА Ц.О Демир Капија за 2021 година усвоено од Управниот одбор на ЈКП Бошава Демир Капија на седницата одржана на ден 03.12.2020 година.

Потоа се премина на шестата точка од дневниот ред на која беше усвоено Предлог-Решението за давање согласност на Финансиски извештај на ЈКП "Бошава" од Демир Капија за периодот од 01.01.2020 година до 30.09.2020 година усвоено од Управниот одбор на ЈКП Бошава Демир Капија на седницата одржана на ден 03.12.2020 година.

По разгледувањето на Седмата точка од дневниот ред беше донесен Предлог-Заклучокот за усвојување на Програма за работа на ОУ Дом на култура МИРКА ГИНОВА Демир Капија за 2021 година на која е дадена согласност од Управниот одбор на установата на седницата одржана на ден 04.08.2020 година.Седницата заврши со разгледување на барања од физички и правни лица и советнички прашања.

П.Пашоев