Трета година по ред Општина Кавадарци со ЈП „Национални шуми„ спроведува акции за пошумување особено во ерозивните подрачја.Така во месноста „Ѓуров дол„ продолжи и годинава пошумувањето на изразито ерозивното подрачје над село Ваташа, каде денеска беше спроведена поширока активност со засадување на 10.000 садници-чемпрес.
Акцијата ја надглеудуваа директорот на ЈП „Национални шуми„ - Зоран Ѓорѓиев и градоначалникот Митко Јанчев.
Според информациите досега над 60 насто од садниците опфатени со двете претходни акции се зафатени што е висок процент.
Изјави; -Митко Јанчев градоначалник на Општина Кавадарци
-Маре Басова-пом.ген. директир на ЈП „Национални шуми„.