Општина Кавадарци продолжува со реализација на програмата за комунална изградбра. Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ работи на реализација на проектот за изградба на тротоари на улицата „Црноречка“. Се работи на поплочување на тротоари на двете страни од учлицатa со вкупна површина од 340 квадратни метри. Со овој зафат општината овозможува посигурно движење на пешаците по новопробиената делница од улицата на спојот меѓу „Западен булевар“ (кај градските гробишта) и спојот со улицата „Ѓоре Брушански“.-
Извор: Кабинет градоначалник.