Пратеникот Зоран Јованчев на денешното традиционално закројување порача до владата да не си игра со судбината на лозарите. Да се исплатат во целост субвенциите за минатата година и сите заостанати субвенции,да се започнат преговори за утврдување минимална цена на грозјето оваа година, да се утврдат количините на залихи на вино и праша дали е вистина дека некои винарии кои го откупија грозјето за вински алкохолен дестилат истото го преработиле во вино со што на останатите винарии им е направена нелојална конкуренција а воедно и најголема измама спрема лозарите откако постои лозарството.