ГФК ТИКВЕШ КОНЕЧНО СЕЗОНАВА КЕ ИГРА НА СВОЈОТ СТАДИОН А НА ОТВАРАЊЕТО УТРЕ КЕ ГО ПРЕЧЕКА ФК РОСОМАН 83
Утре стартува пролетниот дел од првенството во двете втори фудбалски лиги. Досега „Брегалница“ е лидер na истокот со солидна бодовна предност пред второпласираниот „Тиквеш“. Овие две екипи се и најсериозни претенденти за највисок пласман и влез во фудбалската елита. Утре од 14 часот „Брегалница“ во Штип ја пречекува прилепска „Победа“.
Екипата на „Тиквеш“ конечно сезонава ке заигра на својот стадион, на реновираниот терен а на отварањето во Кавадарци ке гостуваат комшиите од „Росоман“.
Третопласираниот „Кожув“ ја пречекува „Плачковица“ а интересни дуели треба да одиграат „Осогово“ против „Саса“ односно „Слога“ која во Виница го пречекува тимот на “Кит Го“. Средбата „Тиквеш“ - „Росоман“ од реновираниот градски стадион во Кавадарци со директен пренос утре од 14 часот на RTK.MK
м.в.

 
 

 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			  .jpg) 
			  .png) 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
 
                         
  
  
  
  
  
 
 
 
					 
 
					 
 
					 
 
					 
					   
					   
					   
					   
					  
                        
                       
					  
                        
                      