ЛОКОМОТИВА МУ ГОСТУВА НА ДИНАМО, ВАРДАР ВО ГОЛЕМО КОЊАРИ А МАРЕНА КАЈ МЛАДОСТ
Во рамките на 15 коло од третата лига, група југ продолжува неизвесната трка за врвот на табелата. Актуелниот лидер, екипата на „Локомотива“ од Градско е фаворит на гостувањето кај тимот на „Динамо“,додека неизвесен дуел се очекува помеѓу „Обршани“ и „Ново Црнилиште“. „Напредок“ од Крушеани“ му гостува на „Младост“ во Удово а „Вардар“ од Неготино патува нагости кај „Големо Коњари“. „Братство“ го пречекува „Илинден“ од Башино Село а „Превалец“ ке го нагости „Питу Гули“. Во меѓусебна пресметка за бегство од долниот дел на табелата екипата на „Младост 1930“ го пречекува тимот на „Марена“`.
м.в.