Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=6390
    [QUERY_STRING] => id=6390
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 54239
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.145.41.203
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1735356230.8166
    [REQUEST_TIME] => 1735356230
)
Демир Капија доби нов- современ Дом на културата


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Демир Капија доби нов, современ Дом на културата, реновиран со пари обезбедени преку Програмата за рурален развој. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, заедно со градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров, денеска направија увид во капиталните проекти кои општината ги реализираше со средства од Програмата за рурален развој. Станува збор за три проекти со вкупна вредност од над 21 милион денари. Над 12 милиони денари се инвестирани за реконструкција на Домот на културата „Мирка Гинова“. Како што беше кажано на средбата, Демир Капија доби целосно нов современ објект кој овозможува квалитетни услови за работа на културните работници, а граѓаните добија мултифункционален објект со најсовремена опрема. -Тоа се сериозни средства кои ќе го развиваат потенцијалот во овој дел од државата. Со помош на овие средства се уредува и излетничкото место Дошница, а земјоделците кои имаат површини во месноста Кош, добија квалитетен пристап до земјоделско земјиште, што позитивно ќе се одрази на намалување на производните трошоци за земјоделските производи, истакна Бачовски. Според него, Домот на културата „Мирка Гинова“ е вистински пример дека парите од Програмата за рурален развој се инвестирани во проекти кои се од витално значење за граѓаните. Овој објект доби сосема нов лик, вработените добија пристојни услови за работа, за креирање нови проекти, а граѓаните добија современ мултифункционален објект. Библиотеката сега ги има сите услови и за зачувување на книжниот фонд, а е и прикладно место каде сите граѓани, а пред се младите, ќе можат да дојдат да изнајмат книги или да поминат одредено време во читање литература која им е во интерес, рече Бачовски. Благодарност за реновирањето изрази демиркапискиот градоначалник Лазар Петров, кој истакна дека ваквите проекти се од огромно значење затоа што овозможуваат развој на културата, а позитивно влијаат и на развојот и поттикнувањето на младите активно да се вклучат и да ги негуваат традиционалните обичаи, фолклорот.

-На својот ФБ прифил Бачовски напиша; „Денеска во општина Демир Капија заедно со градоначалникот Лазар Петров го посетив Домот на културата Мирка Гинова. Овој објект од витално значење за оваа рурална општина е реновиран со средства од програмата за рурален развој која ја имплементира Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.Грантот за Домот на култура е во вредност од 12 милиони денари. Во Демир Капија со поддршка на Агенцијата се финансира и излетничкото место Дошница, а земјоделците кои имаат површини во месноста Кош добија квалитетен пристап до земјоделско земјиште. Вкупна вредност на грантот за сите 3 проекти е 21 милион денари.Инвестираме во патишта, водоводи, канализации, културни објекти и знаменитости. Со поддршка на Агенцијата придонесуваме за подобри услови за живот во руралните средини, а воедно целиме кон рамномерен регионален развој.“ наведе Никица Бачовски -Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за вложувањата во Општина Демир Капија.

173217087_2993244877573904_6471750757543896096_n 173673628_2993245000907225_2786047033494228149_n 173684505_2993244830907242_1306615264302244406_n 173941090_2993244927573899_3081591881908507917_n