Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=6446
    [QUERY_STRING] => id=6446
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 8466
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.141.21.106
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1735263161.4674
    [REQUEST_TIME] => 1735263161
)
42 седница на Совет на Општина Демир Капија


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 29.04.2021 година, преку интернет платформата „ Zoom“ заради безбедносни причини од корона вирусот Советот на општина Демир Капија ја одржа 42 седница на која беа разгледани и усвоени 7 точки од дневниот ред. По усвојувањето на записникот од одржаната 41 седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше усвоена Предлог-Одлуката за измена и дополнување на Буџетот на Општина Демир Капија за 2021 година.Вкупните приходи од 105.272.697 денари со ребалансот се зголемуваат на 130.629.077 денари и тоа: Даночните приходи од 16.810.000 денари се заменуваат со 36.413.277 денари, Капиталните приходи од 12.747.921 денар се заменуваат со 15.206.985 денари, Трансфери и донации од 71.474.776 денари се заменува со 74.759.815 денари.Расходите од 105.272.697 денари со ребалансот се зголемуваат на 130.620.077 денари и тоа: Стоки и услуги од 25.603.000 се заменува со 32.298.019 денари, Субвенции и трансфери од 8.143.844 денари се заменува 16.447.465 денари, Капиталните расходи од 20.648.581 денар се заменуваат 31.101.858 денари и отплата на главнина од 3.200.000 денари се заменува со 2.800.000 денари. Втората точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на Статутарна одлука за измени и дополнувања на Статутот на Општина Демир Капија. По разгледувањето на третата точка од дневниот ред беше донесена Одлука за давање согласност за финансиско учество во предлог проектот "Изградба на улици бр.1 и бр.2 во с.Корешница".Со оваа Одлука се дава согласност за сопствено учество во предлог проектот "Изградба на улици бр.1 и бр.2 во с.Корешница" и за обезбедени 50% или 2.837.897,00 денари со ДДВ, од потребните средства за реализација. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 5.675.793,00 денари со ДДВ.Општина Демир Капија како корисник на Програмата за изменување и дополнување на Програмата зa рамномерен регионален развој за 2021 со индикативно планирани средства за 2022 година ("Службен весник на Република Северна Македонија" бр.84/2021) во целост е одговорна за реализација на предлог проектот. Финансиската поддршка во реализација на предлог проектот од Бирото за регионален развој изнесува 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за реализација.Потоа се премина четвртата точка од дневниот ред на која беше донесена Одлука за давање согласност за финансиско учество во предлог проектот "Параглајдерство во Демир Капија, збогатување на регионалната туристичка понуда".Со оваа Одлука се дава согласност за сопствено учество во предлог проектот "Параглајдерство во Демир Капија, збогатување на регионалната туристичка понуда" и за обезбедени 10% или 331.149,00 денари со ДДВ, од потребните средства за реализација.Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 3.311.489,00 денари со ДДВ.Општина Демир Капија како корисник на Програмата за изменување и дополнување на Програмата зa рамномерен регионален развој за 2021 со индикативно планирани средства за 2022 година ("Службен весник на Република Северна Македонија" бр.84/2021) во целост е одговорна за реализација на предлог проектот. Финансиската поддршка во реализација на предлог проектот од Бирото за регионален развој изнесува 90% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за реализација.

Петата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена а се однесуваше на донесување Одлука за давање согласност за финансиско учество во предлог проектот "Изградба на атмосферска канализација на улица бр.3 Демир Капија.По разгледувањето на шестата точка од дневниот ред беше донесено Решение за давање согласност на Годишен план за вработување во 2022 година на ООУ "Димче А.Габерот" Демир Капија изготвен врз основа на Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување. Годишниот план за вработување во 2022 година е составен дел на ова решение.Седницата заврши со советнички прашања на кои одговор даде Лазар Петров Градоначалник на Општина Демир Капија.

П.Пашоев