Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=6394
    [QUERY_STRING] => id=6394
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 34215
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.133.152.189
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732487574.2602
    [REQUEST_TIME] => 1732487574
)
Локален Музеј – галерија Кавадарци-ПРОМОЦИЈА НА КАТАЛОГ ЗА НУМИЗМАТИЧКИ МАТЕРИЈАЛ


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Локален Музеј – галерија Кавадарци како институција од областа на културата од нејзиното формирање од 1976 година до ден денес, континуирано го собира, обработува, заштитува и презентира музејскиот материјал од сите области на музејската дејност: археологија, историја, историја на уметност, етнологија и средновековна уметност.

Вработените во музејот почнувајќи од Драган Дакиќ – археолог и историчарот Петре Камчевски, продолжувајќи преку археолозите Весна Ѓорѓиева и Раде Атанасов, активно го собираат, грижливо го чуваат и обработуваат музејскиот материјал од областа на археологијата, вклучувајќи ја тука и нумизматиката, односно монетите кои циркулирале низ вековите во Тиквешкиот регион.

Нумизматичката збирка на Локален Музеј – галерија Кавадарци ја сочинуваат 450 монети прибрани по пат на откуп, подарок, рекогносцирање на локалитетите во Тиквешијата, сондажни и систематски археолошки ископувања. Сите наведени проекти се реализирани од нашиот музеј под раководство на кустос – советник Весна Ѓорѓиева, како и заштитините археолошки ископувања во соработка со НУ “Национален конзерваторски центар“ – Скопје, како установа надлежна за овие ископувања, кои се извршени на територијата на Општина Кавадарци, со кои раководеше кустос – советник археолог Миле Велчоски.

Овој каталог е плод на неколкугодишни проекти кои Локален Музеј – галерија Кавадарци ги реализираше во текот на годините со поддршка на Министерството за култура – Скопје. Активностите започнаа во 2015-2017 година во соработка со м-р Емилија Митева, конзерватор за метал, вработена при Археолошки музеј на Р. С. Македонија – Скопје. Таа го изработи и реализира проектот за конзервација и реставрација на 204 монети од збирката на Локален Музеј – галерија Кавадарци. Во 2018 година дел од монетите беа обработени од страна на Сања Битрак, кустос нумизматичар при Археолошки музеј на Р. С. Македонија – Скопје. Во 2019 година извршени се и консултации со Александар Илиевски, археолог. Обработката на првичниот музејски нумизматички материјал беше реализран од археолозите Весна Ѓорѓиева и Драган Дакиќ. Како резултат на неколкугодишната плодна и успешна професионална работа на вработените во Локален Музеј – галерија Кавадарци, го имаме овој каталог од 2020 година.

Во овој каталог на 52 страни се претставени 178 монети почнувајќи од хеленистичкиот, римскиот, доцноантичкиот период, продолжувајќи преку византискиот па се до османлискиот период, притоа хронолоши давајќи ни подобра слика и за економската моќ на овој реон низ вековите. На овој начин преку овој каталог, љубителите на нумизматиката и уметноста воопшто, ќе имаат документ од трајна вредност низ кој сликовито се опишани формите и претставите на монетоковањето низ вековите, преку монетите кои циркулирале во Тиквешијата.