На денешната седница, 55 по ред во повој состсав, беше усвопен кварталнииот извештај на општината - ПРВ Квартал во 2021 година,како и Пределог програмата за уредување на градежно земјиште,а беше одобрен Годишниот план за вработувањере во неколку образовни и други институциии каде основач е Општината.Советниците бера единствени и гласас едногласно за повеќе барања и извештаи од кои неколку беа за материјална помош за болни лица ,ќе започне со буџет од 300 илјади денари да работи центар за згрижување на бездомни куќни љубимци- во кој најмногу партиципира Здружернието Шепи, а на седницата беа донесени и неколку дуги значајни документи и одлуки.
Донесена е одлука за зголемување на платата на работниците во ЈП КОМУНАЛЕЦ, а градоначалникот Митко Јанчев најави дека од вторник 4 мај ке започне да работи Регионалниот центар за вакцинација во СС „Јасмин“ во Кавадарци. На 20 пунктови кои Општината ќе ги подготви и организира во најголемиот спортски објект во овој дел на Македонјија, ке можат доброволно да се вакцинираат граѓаните од централно - јужниот регион кој ги опфаќа градовите ;Велес, Градско, Кавадарци,Неготино,Дојран, Росоман, Валандово, Демир Капија и Гевгелија .Претходно сите зинтересирани треба да се пријхават на веб сајтот vakcinacija.mk - со напомена дека тоа ќе го сторат во Регионалниот центар за вакцинација Кавадарци
-Кавадарци, рече Јанчев,„ и овојпат ке ја оправда довербата на Владата и Министерството за здравство и ќе ги овозможи сите услови за непречено одвивање на овa значaјна фаза кон побрзо излегување од Ковид кризата кај нас.„.
Инаку кај нас во Кавадарци, рече Јанчев состојбата со Ковидот е подобрена . Моментално се лекуваат 42 пациенти.Максимален досега бил капацитетоит од 80 болни.Тој упати благодарност до компаниите кои помагаат во работење на Болницата во Кавадарци.