Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=6488
    [QUERY_STRING] => id=6488
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 32733
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.15.211.71
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732480342.4871
    [REQUEST_TIME] => 1732480342
)
( Видео) НОВИ 120 ХА ЛОЗОВИ ПЛАНТАЖИ НА ВВ „ТИКВЕШ“ во Велешко


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Винарската визба „Тиквеш“ од Кавадарци денеска ја обелодени новата инвестицијата нови лозови насади на 120 хектари во месноста Бабуна, во околината на Велес. Фирмата М6 Аграр реализира инвестициска програма на „Тиквеш“ во примарно производство, кој има за цел е до крајот на 2022 година да бидат подигнати над 400 хектари со нови висококвалитетни сорти грозје и да бидат обновени над 50 проценти од постојните . На настанот присуствува и се обратија: претседателот на Владата, Зоран Заев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, и претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски.

м.д.

Во официјалното соопштение кое доцна попладнето го добивме од од ВВ„Тиквеш“ се наведува :

-“Инвестиција од 2,5 милиони евра во нови лозови насади на „М6 Аграр“ ја зајакнува пазарната позиција на ВВ „Тиквеш“

– Компанијата „М6 Аграр“, која заедно со ВВ „Тиквеш“ е дел од Групацијата М6, и во услови на криза предизвикана од пандемијата од Kовид-19, продолжи со инвестицискиот циклус. Нови лозови насади на површина од 120 хектари, на локацијата Бабуна, во близината на Велес, е најновата инвестиција на „М6 Аграр“ за унапредување на квалитетот на вината на ВВ „Тиквеш“. Инвестицијата изнесува речиси 2,5 милиони евра, а дел од средствата се обезбедени со поддршка на ИПАРД програмата.

„Благодарение на јасната визија за создавање врвни вина и развој на македонската винска индустрија успеавме и во овие услови на пандемија да продолжиме со инвестициите во нови лозови насади, модерна технологија и развој на човечките ресурси кои ќе овозможат понатамошно унапредување на квалитетот на вината на „Тиквеш“, нивно позиционирање на странските пазари и поголема промоција на македонските вина воопшто. Задоволни сме и благодарни за поддршката што ја обезбедуваат Владата, ресорното министерство и ЕУ фондовите за овој сектор, а во тие рамки и за „Тиквеш“ како двигател на развојот на македонската винска индустрија, но сепак треба да се утврди дека оваа гранка е стратешки важна за државата со тоа што ќе се воведат јасни стандарди, систем на географски индикации и помени во системот на субвенции“, истакна претседателот на управниот одбор на ВВ „Тиквеш“ и партнер во Групацијата М6, Светозар Јаневски.

Новите лозови насади на локацијата Бабуна се дел од повеќегодишна инвестициска програма за унапредување на квалитетот на вината на ВВ „Тиквеш“, во чии рамки досега се инвестирани над 5 милиони евра во подигнување на нови лозови насади и модерна механизација. Инвестицискиот план за подигнување нови лозови насади предвидува во текот на 2022 година да се вложат дополнителни 3,3 милиони евра и да биде опфатена површина од нови 180 хектари.

„Навистина е многу убаво чувството кога сме сведоци на нечиј развој. Јас сум истовремено и горд, бидејќи ова е заеднички успех како потврда на добрата политика на Владата и добрата соработка помеѓу институциите и приватниот сектор. Преку многу вакви примери, ние застанавме на лидерското место помеѓу земјите кориснички на ИПАРД во однос на степенот на искористеност на ИПАРД II. Како резултат на добрата искористеност на средствата од Програмата, за прв пат во историјата, две години по ред 2019 и 2020, а сега и во 2021 година, РСМ нема да враќа неискористени средства од Програмата“, истакна Аријанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во подигнување на нови лозови насади, досега компанијата вложи над 3,5 милиони евра сопствени средства, додека речиси 1,5 милиони евра се обезбедени со поддршка на ИПАРД програмата, преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

„Kако имплементатор на ИПАРД програмата, Агенцијата даде огромен придонес и поттик за почеток на оваа инвестиција. Со склучувањето на договорите од ИПАРД фондот, вредни 622 илјади евра, овозможивме финансиска поддршка за техничка подготовка на земјата за новите насади, набавка на столбови и земјоделска механизација за обработка на насадите. Со оваа инвестиција компанијата не само што се модернизира, туку ги намалува и производните трошоци, како и времето за обработка и одржување на насадите“, изјави Никица Бачовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Најновата инвестиција ја поздрави и претседателот на Владата, Зоран Заев, истакнувајќи дека со својата долгогодишната традиција на производството на врвни вина, со присуство на над 25 пазари ширум светот и освоени 130 високи награди на реномирани светски вински натпревари само минатата година, Винарската визба „Тиквеш“ претставува најголем промотор на македонските вина на светската винска сцена.

„Оваа инвестиција ги потврдува неисцрпните можности на македонското сонце и земја за развој на земјоделството, особено за развој и експанзија на нашето грозје, како и за производство на квалитетни вина. Инвестицијата во нови лозови насади нема да придонесе само за унапредување на квалитетот на вината на „Тиквеш“, туку ќе создаде услови и за производство за поголеми количини за освојување на светските пазари. Многу е важно што оваа инвестиција ќе придонесе за понатамошно градење на имиџот на земјата како производител на високо квалитетни вина и за етаблирање на македонската винска индустрија“, изјави премиерот Заев.

Во изминатите 15-тина години инвестициите на ВВ „Тиквеш“ надминаа 40 милиони евра. Најголемиот дел од овие средства беа вложени во најсовремена опрема и технологија за примарната преработка на грозје, микровинификација и одлежување на виното, што му овозможи на „Тиквеш“ да прерасне во винарница со најголем капацитет за производство на вина со премиум квалитет во земјата и регионот. Со инвестициите во нови лозови насади и обнова на постојните, дополнително ќе се зајакнат позициите на винарницата.„

-се наведува во соопштението од ВВ„Тиквеш„ за овој настан кое РТК.МК го доби попладнето.

1 2 3 4 5 6 7 8