Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=6540
    [QUERY_STRING] => id=6540
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 60722
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.17.154.144
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732498567.9816
    [REQUEST_TIME] => 1732498567
)
Еуроникел Индустри и Синдикалната Организација во компанијата потпишаа Колективен Договор


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Соопштение

„Еуроникел Индустри потпиша Колективен Договор со Синдикалната организација од компанијата со кој се дефинирани дополнителни права и бенефиции за приближи 1000 вработени. Договорот опфаќа подобрување на условите за работа, унапредување на работната средина, зголемување на безбедноста при работа, пораст на платата на вработените и бројни други бенефиции за вработените.

За Еуроникел Индустри потпишаниот договор е дополнителен чекор во вреднувањето на вработените како најголем капитал и најважна инвестиција на компанијата.

„Еуроникел Индустри е компанија која успешно работи благодарение на својот највреден капитал, вработените. Тие се нашата најважна инвестиција и затоа целиме да креираме професионален и компетентен персонал, кој е соодветно вреднуван, а со тоа и мотивиран да го даде најдоброто од себе во раст и развој на компанијата. Она што ние како менаџмент можеме да им ветиме на вработените е долгорочна иднина, стабилност, напредни услови за работа, а со тоа придонес кон поквалитетен живот”, рече Герасим Кујунџиев директор на Еуроникел Индустри.

Компанијата во изминатите 3 години направи големи инвестиции кои директно ги подобруваат условите за работа.

„Инвестирањето во вработените, во работната средина во Еуроникел Индустри, како и во самата фабрика се одвиваат во континуитет. Вкупните инвестиции во изминатите 3 години надминуваат 130 милиони евра, а само последните неколку месеци оваа година имаме реализација на инвестиции во опрема која надминува 2,5 милиони евра. Сите овие вложувања имаат за цел да ја подобрат ефикасноста и нормативите на производниот процес, а со тоа да се зголеми и конкурентноста на компанијата на меѓународно ниво, што е од исклучителна важност за долгорочноста на компанијата”, истакна Андреас Цагарис од Еуроникел Индустри.

Претседателот на Синдикатот Миле Ѓорѓиев го истакна задоволството од досегашната комуникација и соработка: „Потпишувањето на овој Колективен Договор е резултат на нашата континуирана комуникација со менаџментот на компанијата и на заедничките заложби за подобрување на работничките права. Досега веќе постигнавме многу, оваа година веќе е реализирано покачување на платата, а продолжуваме со секојдневна комуникација за понатамошно подобрување на секој аспект од работата што се одразува врз работниците и нивната добросостојба и задоволство од работната средина.”

Со свој став излезе и претседателот на СИЕР, Игор Ѓерасов кој го поздрави потпишувањето на Колективниот Договор во Еуроникел Индустри и упати порака до сите членови на СИЕР, но и до другите компании кои немаат синдикално здружување, дека уредувањето и унапредувањето на правата на работниците е клучен фактор за постигнување на зацртаните цели на секоја компанија, бидејќи токму работниците се тие што ја креираат најголемата вредност на секоја компанија.

Потпишувањето на Колективниот Договор и сите овие дополнувања на правата на вработените во Еуроникел Индустри се договорени во месец мај во знак на чествување на празникот на трудот и почит кон работничките заложби. Во Еуроникел Индустри моментално работат приближно 1000 вработени.„ се наведува во соопштениуетро од ЕуроНикел Индустри.,

thumbnail (1)