Денеска ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, повторно ја блокира раскрсницата кај ООУ„Гоце Делчев„.Беше изразен револт од Договорот со Бугарија кој како што беше речено на блокадата „не решава проблеми, туку создава нови проблеми и сега се бараат од Македонија нови отстапки“.
Од името на оние кои протестираа во Кавадарци изјава за медиумите даде Весна Ѓорѓиева претседател на Унија на жени на ОК на ВМРО ДПМНЕ .