НОВИОТ ВТОРОЛИГАШ СЕРИОЗНО СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ КОИ ГИ НОСИ ВТОРАТА ЛИГА
Новиот второлигаш, екипата на Локомотива од Градско одигра пријателски контролен натпревар со екипата на Слога од Виница кој заврши без победник и без голови 0:0. Двете екипи предводени од новите тренери средбата ја одиграа во комбинирани состави, им укажаа доверба на поголем дел фудбалери од ростерот, тестираа разни формации па оттука резултатот беше во втор план. Да потсетиме дека Локомотива како прво пласирана во третата лига југ обезбеди историски директен пласман во втората лига додека виничани во втората лига исток имаа квалитетна сезона која ја завршија на 4 место на табелата.
М.В.