Во село Марена започна подготовката за асфалтирање на површина од 1700 м2. Вкупната инвестиција за асфалтирање и за поплочување е од Општина Кавадарци, а е во износ од 4.000.000 денари. Изведувач на работите е фирмата Компанијата ,,Градба Промет,,. По асфалтирање ќе се пристапи кон поплочување на површина од 1.500 м2, објавуваат од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.