Во дербито неготинските ракометари со 31-25 го совладаа Драчево
Кај ракометните прволигаши викендов на програмата беше 7 коло. Во групата А, Вардар Неготино го играше дербито со Драчево во кое забележа сигурна победа од 31-25. Со оваа победа Вардар се врати на делба на првата позиција со екипите на Драчево и Младост со по 15 бодови со тоа што Драчево има еден натпревар повеке. Во останатите средби од оваа група Борец - Работнички 26-28, Партизан - Шампион 30-22 и Младост - Преспа 22-20. Во групата Б продолжи доминацијата на Алкалоид и Голден Арт.: Алкалоид - Куманово 38-26, Јуниор КВ - Кичево 39-27, Голден АРТ - Текстилец 36-15, Металург РА - Аеродром 32-44 и Македонија ЃП - Астраион 31-30. Во следното коло Вардар и гостува на Преспа која е последна без ниту еден освоен бод.
М.В.