Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=7124
    [QUERY_STRING] => id=7124
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 25542
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.14.251.103
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732510478.7534
    [REQUEST_TIME] => 1732510478
)
/Видео/ ГИНКО ВО НОВИОТ ЦЕНТАР НА КАВАДАРЦИ


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денека во новиот центар на градот на Кружниот тек беа посадени две дрвца од сортата ГИНКО. Се рабори за вид дрво кој единствен ја преживеал големата катаклизма на планетата земја пред неколку милиони години.Сега на ова планета сеуште има живи примероци кои се многу стари, а научно е докажан пастоењето на примероци кои имаат по 2.000 или 1000 години.СЕ работи за дрво кое има лековити својства , истовремено го прочистува воздухиот во околината каде е посадени.

Томе од Скопје кој располага со свој расадник, на Општина Кавадарци и Ристо Ставров им подари 4 вакви садници , и истите се веќе расадени. По едно во дворните места на црвквите „Св.Великомаченик Димитриј,, и „Св.Петка Преподобна Паскева Петкљ,,, и сега на самиот кружен тек.

Од денеска им запопчна нов се надеваме повеќеилјаден живот.Садењето е обезбедено со помош на Ратка Мукаетова- раководител на зеленила во ЈП „Комуналец,, и подршка од Локалната самоуправа. Лично градоначалникиот Митко Јанчев,во неговата програма за работа се залага за Зелено Кавадарци, за здрава животна средина, пошумување, тревнати површини, зеленило и дрвја околу зградите,за поголема комунална култура насекаде околу нас.Оттаму ова индивидуална иницијатива на Ставров ја поздравуваме и посакуваме да се шири, со тоа што секој ке засади дрво кое потоа ке остане да ја обавува својата основна финкција, да го прочистува воздужот и да дава повеќе кислород, и нормално ќе ни ја разубавува околината.

м.д.

55

33 44 66 77 888

Историјат на Гинкото

Ginkgo biloba, познат и како гинкго или гинко е најстарото дрво на светот кое на планетатa Земја живее уште од пред околу 270 милиони години. Чарлс Дарвин ова дрво го нарекол жив фосил, бидејќи гинкото го преживеало дури и Леденото доба. Во неговата постојбина, југоисточна Кина, во храмовите на будистичките свештеници можат да се сретнат примероци постари и од 3.000 години, бидејќи за Будистите, гинкото е свето дрво.

Името гинко потекнува од кинеските зборови gin и kyo, што во превод значи “сребрен плод или сребрена кајсија”. За прв пат ова дрво е опишано од страна напознатиот таксоном Карл Лине, кој му дава епитет biloba, бидејки гинкото е препознатливо по типично лепезасти листови делимично поделени на два дела-лобуси, па оттука го добил и името на видот – билбоа. Во Кина одамна гинковиот лист го поистоветувале со стапалото на патки поради сличната форма, така да името “паткино стапало” и ден-денес се користи во Кина. За гинко постојат и во Eвропа разни имиња и синоними како слоново дрво, дрво на животот, моминска коса, вилинска коса, сребрена кајсија или дедo-внук стебло.Стеблото на гинко може да достигне височина и преку девет метри. Се работи за дводомно (постојат машки и женски единки) листопадно растенииje чии прекрасни зелени листови се во форма на лепеза на долги дршки, листови кои во есен добиваат убава жолта боја. Семката пак на гинкото е обвиткана со мека обвивка како кај сливите или вишните.Пред илјадници години, гинкото најпрвин од кинеските храмови се проширило во Јапонија и Кореја, а од тука, поради своите кулинарски и пред се лековити карактеристики, се распространило низ целиот светСе верува дека во Европа и Америка, гинкото е донесено околу средината на 18 век. Се покажало како многу отпорно дрво во градските средини, па така во Њујорк денес има околу 60.000 гинко дрвја по улиците на градот, каде опстојува и покрај загаденоста на воздухот, со една единствена цел – да го прочистува загадениот воздух. Отпорен е на ниски (и до -30 °C) и на високи температури, не е подложен на разни болести, ниту пак го напаѓаат инсекти. Во тек на милиони години ова дрво се стекнало со силен имунитет. Гинкото денес е најраспространето улично дрво во целиот свет – од Њујорк преку Лондон до Токио. Можеби ќе беше корисно да се угледавме и ние на примерот на овие светски метрополи и наместо што засадивме жални врби и палми, да засадевме дрвореди од гинко. и тоа само од женски форми, машките се силно алергени.Издржливоста на ова дрво најдобро се илустрира за време на Втората светска војна, кога на градот Хирошима беше фрлена атомска бомба и кога скоро сите растенија и животни во тој град беа уништени – но не и стеблата на гинко. Јапонците толку многу го ценат гинкото и неговите листови, што листот на гинко денес е симбол на едно од најпознатите и најценетите училиште за изучување на церемонијата на приготвување чај, а градот Токио за свој симбол го има стилизираниот лист од дрвото гинко.Нативен за Кина, каде е широко култивиран, гинкото наголемо се применува во традиционалното кинеско кулинарство. Семките на гинко плодот се со вкус сличен на бадем и во Кина се сервираат во каша од ориз во специјални пригоди како што се венчавките, а честопати се наоѓа и на трпезата при прославата на традиционалната кинеска Нова година. Семките од гинко се користат и во различни јадења во јапонската традиционална кујна. Во Јапонија, Кина и Кореја, пржените семки од гинко се сметаат како специјалитет, а според некои и како силен афродизијак..

Но она што го прави гинкото толку познато во целиот свет е секако неговата лековита моќ. Сите лекари и специјалисти од целиот свет, барем за едно нешто едногласно ќе се сложат – во лековитата моќ на гинкото. Од пред илајдници години па до денес, добро се познато лековитите својства на ова дрво. За лек се користат листовите, семките, меснатата обвивка околу семките, коренот и кората на дрвото. Од листовите денеска во фармацевтската индустрија се прави екстракт кој ја подобрува циркулацијата и памтењето. Помага и при импотенцијата, срцеви проблеми, тинитис, заборавност, деменција, Алцхајмеровата болест, крвен притисок, бронхитис, астма, проблеми со стомакот, со зголемен холестерол и уште многу други заболувања. Гинко препаратите се смета дека се едни од најпродаваните суплементи во Европа и Америка.

Гинкото е приказна за успешна сторија – успеалo да избегне изумирање и да преживее до ден денес. Ни служи и не потсетува да се грижиме и да не дозволиме различните видови растенија да изумрат. Кога би можело да зборува, ова дрво веројатно би ни пратило порака – “луѓе, грижете се за растенијата во целиот свет и размислете за оние кои исчезнале благодарение на Вас”.

Автор: Проф. Маја Јорданова

Википедија/...

Гинкото (Предлошка:Науч) е дрво кое е единствениот жив претставник на родот гинко (Ginkgo) од одделот гинкови (Ginkgophyta), додека останатите се фосилни видови. Овој оддел опфаќал семени растенија. Единствениот денешен преживеан вид е ограничен само во Кина. Оваа група на растенија била распространета низ целиот свет за време на мезозоикот. Гинкото потекнува од пред 225 милиони години, а во леденото време тоа успеало да преживее само во Кина. Во Западната цивилизација, гинкото пристигнало во XVIII век. Гинкото се одликува со голема отпорност на екстремни услови (отрови, загадувачи, радијација, инсекти итн.).

Гинкото е најистражуваното растение во светот: до 2014 година биле објавени дури 3.111 научни труда посветени на него. Големиот интерес за гинкото произлегува оттаму што му се припишуваат одредени лековити својства, како:[3]

ја подобрува циркулацијата на крв во ткивата, ги шири крвните садови и ја намалува вискозноста на крвта, ги штити клетките од недостаток на кислород и ја зголемува енергијата во ткивата, го подобрува тонусот на венските крвни садови и намалува пропустливоста на капиларите, делува како аниоксидант.

Исто така, Европската агенција за лекови и Светската здравствена организација препорачуваат употреба на гинко во третманот на вртоглавица од периферно потекло поради неговото вазодилататорно, метаболно, антиоксидантно и невропротективно дејство. Во тој поглед, истражувањата спореведени во неколку земји покажале дека гинкото има позитивно дејство во акутната фаза на вртоглавицата, во хроничната фаза и во периодот меѓу акутните напади на вртоглавица.