Викендов фолклорниот ансамбл Тиквеш ке одржи 3 концерти
Во сабота и недела на 13 и 14 ноември ќе се оддржат традиционалните Годишни концерти на Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ кој работи при Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци. Првиот концерт е со почеток од 18.30 часот, во сабота, за да веднаш потоа е вториот концерт од 20 часот.
Меѓу двата концерти ќе биде отворена изложба на фотографии на тема - Македонски фолклор “Од Љубанишча до Дебор“. Во недела, со почеток од 19 часот е третиот концерт од циклусот Годишни концерти на Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“, најголемиот културен амбасадор на Кавадарци низ Европа. На концертите ќе настапат сите групи по возраст, со осврт на новите кореографии, а како специјален гостин на концертите ќе се појави етно составот “Дукена“, кој исто така работи при Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, а чиј настап ќе значи и нивно прво претставување во јавноста. Концертите ќе се одвиваат според сите предвидени протоколи за COVID - 19: Влезот е можен само со Сертификат за примени две дози на вакцина, а за време на концертот задолжително е носењето маска. Бројот на присутна публика е 50 % од предвидениот простор.
М.В.