Кавадарчани со катастрофално второ полувреме им подарија победа на штипјани
Заврши есенскиот дел од фудбалското првенство на Македонија.Со победата нагости кај Борец со 0-3 во последното 18-то коло за оваа календарска година Шкупи ја потврди есенската шампионска средба. Во останатите средби Шкендија - Скопје 1-0, А.Пандев - Пелистер 1-0, Работнички - Македонија ЃП 1-2 а средбата Струга - Ренова ке се одигра утре бидејки заради снежните врнежи немаше услови да се одигра вчера. ГФК Тиквеш ја пречека штипска Брегалница и одлично го отвори натпреварот. Кавадарчани поведоа со 1-0 но одтогаш на теренот играаше само Брегалница. Создаваа шанси, погодија пречка и не искористија пенал. Во второто полувреме три кикса на кавадаречката одбрана, три подароци кои штипјани ги искористија и славеа со 1-3. Со прикажаното кавадарчани само потврдија дека заслужено се на самото дно на табелата и го оставија отворено прашањето дали овој состав на Тиквеш заслужува да игра во првата лига.Второлигашите ги одиграа средбите од 15 коло. На истокот Победа - Локомотива 4-0, Кит Го - Саса 0-1 и во дербито Беласица - Слога 3-0. Победа е есенски шампион со 32 бода колку што има и Саса а Слога заостанува 1 бод. Заради врнежите од снег средбите Кожув - Братство и Детонит - Осогово ке се одиграат утре. Во западната конференција Силекс е есенски шампион бидејки е неприкосновен со 38 бода засега. Средбите Велешта - Силекс, Кораби - Охрид и Гостивар - Тетекс беа одложени за утре. Вардар го доби Кадино со 3-0 а Воска ја совлада Беса со 2-0
М.В.