Игравме на Европско, ке играме бараж за Светско и добивме противници по мерка за Лига на нациите
2021 сигурно ке биде запаметена како фудбалска година. Историско учество на македонската фудбалска репрезентација на Европското Првенство. Резултатите во најмала рака и не се толку важни колку историјата за учество на континенталниот собир.Фудбалската бајка продолжи со пласманот во баражот за место на Светското првенство. Работите за нашата селекција ке бидат и повеке од тешки бидејки првиот противник ке ни биде актуелниот Европски првак, Италија. Доколку успееме да ги совладаме Азурите за место на мундијалот ќе треба да совладаме уште една голема пречка и тоа подобриот од дуелот Португалија - Турција. И за крај на годината уште една фудбалска посластица. Македонската А репрезентација доби идеален жреб за учеството следната сезона во лигата на нациите. Нашата селекција се наоѓа во лигата Ц која е поделена на 4 групи. Македонија е во 4 група заедно со селекциите на Бугарија, Грузија и Гибралтар. Натпреварите од Лигата на нациите ќе се играат во јуни следната година (и тоа четири натпревари) и во септември (два натпревари). Првопласираните селекции од секоја од групите ќе обезбедат место во плеј-офот кој ќе се игра во јуни 2023 година. Најдобрата селекција ќе обезбеди место на Европското првенство 2024.Работите во фудбалот тргнаа - да се надеваме дека 2022 ке биде и побериќетна од оваа која полека ја испраќаме.
М.В.