“Синоќа во 20.55 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од ул.„Никола Минчев“ и бул.„Македонија“ во Кавадарци, патничко возило „тојота ланд крузер“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(21) од Кавадарци, удрило во П.Ч.(83) од Кавадарци.
Во несреќата со тешки тeлесни поврди се здобил П.Ч. и бил пренесен во Општа болница Кавадарци, а подоцна и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде на 02.03.2022 во 00.05 часот починал. Бил извршен увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.“- се наведува во информацијата од МВР.