Комплетен распоред за сите дуели од првата, двете втори и третата лига југ
Во пресрет на бараж натпреварот за пласман на нашата репрезентација на светско првенство прволигашите второлигашите и третолигашите ја продолжуваат борбата за што подобра позиција на табелата. Прволигашите утре со почеток од 15 ч. ке го одиграат 24 коло. Паровите се Ренова –Работнички, Пелистер – Брегалница, Скопје – Шкендија, Струга – Шкупи и Борец – Македонија. Тиквеш утре од 15 ч. на градскиот стадион ке го пречека тимот на Академија Пандев. Струмичанни се втори на табелата и посакуваат да ја задржат вицешампионската позиција па затоа на хартија тие се фаворити. Но на кавадарчани им се неопходни бодовите за опстанок во елитата и треба да покажат и докажат дека заслужуваат да бидат дел од истата.Второлигашите во недела ке го одиграат 20 коло. На истокот фаворитите гостуваат. Саса во Градско кај Локомотива а Слога во Гевгелија кај Кожув. Беласица му гостува на Братство а Победа на Детонит. Единствено Осогово во Кочани го пречекува Пехчево.И на западот фаворитите гостуваат – Силекс на Кораби, Вардар кај Велешта, Воска во Охрид а Тетекс кај Кадино. Единствено Гостивар на домашен терен е фаворит во дуелот со Беса.Во третата лига југ во недела се игра 5 коло. Лидерот Росоман го ира дербито со Питу Гули а дерби е и натпреварот во кој Марена му гостува на Превалец. Вардар во Неготино е фаворит во дуелот со Обршани а Возарци ке брка први бодови на домашен терен со Големо Коњари. Слога го пречекува ново Црнилиште а Бучин игра со Младост додека екипата на Динамо е слободна.
М.Виденовиќ