Жителите на Сирково не отстапуваат од своите барања и ги радикализираа протестите
Приклучок на брзиот пат Градско – Прилеп за с. Сирково и целосното асфалтирање на пристапниот пат до с. Сирково кој сега го користи градежната механизација а по завршување на градежните работи се барањата на жителите на с. Сирково на кои цврсто стојат и не отстапуваат од истите. Денеска продолжија блокадите на пристапниот пат до с. Сирково кај каналот за градежната механизација а во периодот од 10 до 12 часот беше блокиран и регионалниот пат Градско - Прилеп. Претседателот на МЗ Сирково Веле Коцев не информираше дека ке имаат средба со министерот за транспорт и врски и дека протестите и блокадите ке продолжат се до исполнување на нивните барања.
М.В.