Нормализиран е сообраќајот на патните правци Кавадарци-Неготино кој беше во прекин од 19 и 30 часот поради превртени тешки моторни возила.
Од АМСМ информираат дека од 19:30 часот на патните правци Кавадарци – Неготино и Охрид – Ресен кај превој Буково поради превртени тешки моторни возила, сообраќајот бил во целосен прек ин
Инаку забрани за движење на тешки товарни возила поради врнежите од снег, воведени се на патните правци Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато и на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот премин Буково.
На патниот правец Струмица – Валандово поради излизгано тешко моторно возило, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Од наши сограѓани кои се наоѓаат во колона возила на автопатот Скопје-Велес, после Катланово сме информирани дека од 20 часот стојат во место (скоро 3 часа).Немаат информација која е причината за застојот на овој дел на автопатот, нo се претпоставува сообраќаjка или слична препрека на патот.
Според најновите вести вечерва сообраќај на делницата Скопје – Велес е воспоставен по една коловозна лента, само за патнички возила, соопшти АМСМ.
Центарот за управување со кризи претходно информираше дека на автопатската делница на патниот правец Скопје-Велес кај месноста Кула во краток временски период има наврнато големи количини снег што предизвика застој во сообраќајот поради бавното движење на возилата.
Информираа дека е испратена дополнителна механизација за побрзо расчистување на овој патен правец.
На патниот правец дополнително беа испратени и патроли на сообраќајната полиција за регулирање на сообраќајот.
Врнежите од снег се интензивираат.Во Кавадарци висината на снегот изнесува над 30 сантиметри.Снегот не ги спречи коледарите да ги запалат коледарските огнови.