Вработените и учениците во ООУ“Гоце Делчев „ со Свечена седница го oдржаа патронатот кој инаку тие го одбележаа со полагање цвеќе на 4 мај – на денот на убиството на Гоце Делчев.
На седницата пристуствуваа одговорни лица од образованието од Локалната самоуправа,родители, ученици , наставници, а од името на локалната самоуправа и Советот на општината присутен беше претседателот на Советот Стојанчо Рамов.
На пристните им се обрати директорката Весна Ангеловска, а претседателот на Советот Рамов наградата за ученик на генерацијата, епитет кој во 1999 година и самиот го добил,му ја предаде на Марика Георгиевска .Тој инаку се откажа од дел освој паушал како награда за ученичката на генерацијата.
Беа доделени јубилејните нагарди на наставници и вработени во училиштето и награди во вид на дипломи им беа врачени на ученици кои учествуваа на конкурсите за најдобра литертиурна и ликовна творба.
Беа прогласени најомилените наставници со кои учениците биле 9 месеци заедно во своето школување.