СРЕДБАТА СЕ ИГРА ВО КАВАДАРЦИ ОД 17.30 А ПРОТИВНИК НА КАВАДАРЕЧКИОТ ПРВОЛИГАШ КЕ МУ БИДЕ ВТОРОЛИГАШОТ САСА
Фудбалерите на Тиквеш трпеливо ги полнат батериите за новата прволигашка сезона. Влатко Костов во манир на голем стратег ги разгледува сите добри но и лоши страни на составот кој сезонава треба да донесе повеке радости за љубителите на фудбалот во Кавадарци. Со што располага Тиквеш и колку се подготвени играчите кавадарчани ке можат да видат веке утре. Имено за утре, среда 13 јули со почеток во 17.30 ч. кавадаречкиот прволигаш ја закажа првата контролка. Средбата ке се одигра на градскиот стадион во Кавадарци а противник на ГФК Тиквеш ке им биде второлигашот од Македонска Каменица екипата на Саса. За настапот во единствената втора лига еккипата на Саса сериозно се подготвува и ангажираше квалитетни засилувања. Едно од последните засилувања за тимот од Каменица е и довчерашниот голгетер на Росоман Игор Ѓорѓиев.
М.В.