Вардар од Неготино славеше во Марена а Росоман му украде бод на Канатларци
Фудбалските третолигаши од групата Jуг , го одиграа првото коло во новата сезона. Вардар од Неготино славеше на гостувањето во Марена со 0-2 а головите паднаа во последните 15 минути од натпреварот. Локомотива од Градско гостуваше кај Превалец и прими гол уште во 1 мин и загуби со 1-0. Росоман на гостувањето кај Канатарци одигра 1-1 а со ист резултат заврши и средбата Младост - Слога. Големо Коњари со 1-0 го совлада Бучим а Питу Гули со 1-4 славеше на гостувањето кај Обршани.
 
 
М. В.
 
 

 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			  .jpg) 
			  .png) 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
 
                         
  
  
  
  
  
 
 
 
					 
 
					 
 
					 
 
					 
					   
					   
					   
					   
					  
                        
                       
					  
                        
                      