Компанијата обезбеди мебел за детските градинки од Неготино и Градско– 40 масички и 160 столчиња наменети за „Темјанушка“ и 30 детски креветчиња за градинката во Градско, кои се поддршка од DRӒXLMAIER, се веќе поставени и гокрасат амбиентот на воспитувачките простории. Објектот „Темјанушка“ во рамки на детската градинка „Фемо Ќулаков“ од Неготино и клонот „Кокичиња“ кој е дел од детската градинка „Димче Мирчев“ од Велес, оваа учебна година ја започнаа со променет изглед.Поддршка за подобри услови во воспитно-образовните установи .
Со поддршката која компанијата им ја овозможува на воспитно образовните институции, таа станува партнер во воспитно – образовниот процес на начин што придонесува за унапредување на условите за престој на децата во градинките.
-„Нашата цел е да придонесеме за подобрување на квалитетот на образованието и условите во кои функционираат установите кадешто се згрижени најмалите.Градинките претставуваат втор дом за децата, а ние како свесни граѓани треба да го дадеме нашиот најголем придонес за нив“, рече Лукас Мирингер, генерален директор на DRӒXLMAIER се потврдува како сигурен партнер на регионот.Директорката на градинката од Неготино, Нада Најдова, како и останатите вработени искажаа срдечна благодарност до DRӒXLMAIER Македонија, бидејќи компанијата повторно и повторно потврдува дека е сигурен партнер на регионот
- „Драго ни е што DRӒXLMAIER покажува грижа за градинките како институции каде дечињата го започнуваат воспитно – образовниот процес кој претставува основен темел на нивното понатамошно воспитување и развој како личности и активни чинители на општеството“, рече Најдова.
За Даниела Брезева, раководителка на објектот „Кокичиња“ во Градско, донациите од овој тип се особено важни, бидејќи на децата покрај можностите за игра и развивање на психо-моторичките функции, исто така, им е потребен и добар сон кој директно влијае на здравјето и нивната благостостојба.Во изминатите 10 години од своето основање во земјата, DRӒXLMAIER во неколку наврати до сега, ги поддржа градинките од регионот донирајќи 300 креветчиња со душеци, столчиња, шкафчиња како и дидактичко – едукативни средства кои се особено важни за воспитно образовниот процес.DRӒXLMAIER следејќи ја својата стратегија за општествена одговорност заедно со своите вработени продолжува да иницира бројни проекти во насока на постигнување највисоки можни вредности за општеството.