ОТКАКО КЕ БИДЕ ИЗГРАДЕН ОВОЈ ОБЈЕКТ КЕ СЕ ГРАДИ ИСТ ТАКОВ И ВО СЕЛО СОПОТ
Главен инвеститор на два спортски објекти во Марена и Сопот е Општина Кавадарци.
Изградбата на новите соблекувални на игралиштето во с.Марена влегува во завршна фаза. Објектот е во фаза на карабина и додека деновиве се работи на ентериерно и екстериерно средување паралелно се работи на електричната инсталација како и на водоводната и канализациона мрежа. Овој проект чини еден и пол милиони денари а изведувач на работите е фирмата Пер Инженеринг. Новите соблекувални се очекува да ги подобрат условите за спортување а пред се интересот за фудбалот во ова населено мессто. Марена во моментов настапува во третата македонска фудбалска лига но овој стадион многу пати го користат и други екипи меѓу кои и екипата на ГФК Тиквеш. По завршувањето на објектот истата градежна оператива ке се пресели во с. Сопот каде ке се гради ист објект кој се очекува да го врати фудбалскиот сјај во ова кавадаречко село.
М.В.